Најнови фотографии

СРБИЈА

СРБИЈА

СРБИЈА

Најнови сувенири

КНИГИ МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ НОСИИ МАК/АНГ ЈАЗИК

КНИГИ РАЗВОЈ НА СЕЛСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА МАК/АНГ ЈАЗИК

КНИГИ ПИЈАНЕЦ-РУРАЛНА АРХИТЕКТУРА МАК/АНГ


ЗА НАС

ЗА НИКОТУРС

Постои од 2005 година.На почетокот врши превоз на туристи со кајче во изворите во Свети Наум. Во Март 2006 година започнува со продажба на сувенири со етно, национална и религиска содржина.Од 2010 година почнува со организирање на прошетки на територијата на Република Македонија ( посета на природните и културно-историските знаменитости ).


ЗА НИКОЛА ПАВЛЕСКИ

 

Никола Павлески е роден на 17-12-1963 година во градот Охрид Република Македонија, а живее во с.Трпејца кое се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, дваесетина километри јужно од Охрид на патот кој води кон манастирот Св.Наум,сместен на самата Македонско-Албанска граница. Со фотографија се занимава од 2001 година. Во 2003 година за прв пат учевствува со свои фотографии на деновите на Македонската фотографија во Куманово. Својата прва самостојна изложба на фотографии ја поставува во домот на културата ” Григор Прличев‘‘ во родниот град 2007. Истата година го издава својот прв каталог со мотиви од Охрид и неговата околина под наслов’’Охридските бисери‘‘ и ја одржува својата прва самостална изложба надвор од својата земја, во градот Поморие на брегот на Црото Море, соседна Република Бугарија. Во 2008 година има своја самостална изложба во градот Корча Република Албанија, а наредната 2009 во околината на Краков – Полска. Негови фотографии се објавени во туристички водичи за Охрид и Македонија, како и во пропагандни материјали: календари, разгледници, флаери...

Од 2010 почнува да работи и како лиценциран туристички водич на територијата на Република Македонија.

Во Мај 2011 излегува од печат каталогот "МАКЕДОНИЈА помеѓу минатото и сегашноста'' со фотографии од руралните краеви на Македонија (кои се резултат на посетата на овие места со туристи заинтересирани за овој вид туризам), и збирка на раскази "ВЕСЕЛОТО КАЈЧЕ'' во која на посебен начин се опишуваат интересните случувања од неговото повеќегодишно работење (превоз на патници со кајче по изворите во св.Наум).

Во Ноември 2011 година во Осиек-Република Хрватска, одржува своја изложба на фотографии со мотиви од Македонија, по повод прославата на 17 години од основањете на Македонското КУД Браќа Миладиновци. Првото издание на културната манивестација НА ЗАЈДИСОНЦЕ во с.Трпејца во Јули 2012 беше отворено со изложба на негови фотографии и промоција на збирката на хумористични раскази ВЕСЕЛОТО КАЈЧЕ. По покана на клубот пријатели на Македонија од Мелник-Република Чешка одржува изложба на фотографии во Февруари 2016.